Започна исплатата на повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје, односно за јули, август и септември.

На сметките на лицата кои скенираат фискални преку апликацијата МојДДВ треба да легнат околу 430 милиони денари од вкупно остварен промет за јули, август и септември од 29,8 милијарди денари. Од нив прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи 21,9 милијарди денари.

Од платениот ДДВ за македонските производи на граѓаните им се враќа 20, а од странските 10 проценти.

Повратот за ова тримесечје е малку подоцна од вообичаениот термин, затоа што овој месец се враќаше ДДВ и од „Викенд без ДДВ“, кој требаше да биде реализиран за  два дена, но се раздолжи во една недела, поради што подоцна започна и регуларниот поврат на ДДВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.