Јавната администрација годинава ќе добие регрес за годишен одмор. Со ребалансот на буџетот предвидени се пари и за К-15 за административците, кои од лани во март до пред неколку недели не одеа на работа поради мерките за заштита од ковид-19.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали е соодветно да се дава К-15 на администрацијата што не одеше на работа, во време кога приватниот сектор се соочува со тешкотии во работењето и намалени плати, рече дека регресот мора и треба да се исплати оти тоа е предвидено со колективните договори од 2019.

„Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече премиерот Зоран Заев на денашната прес-конференција за ребалансот на буџетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.