Сите што ќе работат во недела ќе добијат двојно повисока дневница, уверува министерот Бектеши. Според предлог законот за трговски друштва се предвидува да работат моловите, трговците поедници, бензиските станици. Специјализирани продавници како што се занаетчиски дуќани во туристичките места. Тие ќе треба самите да го утврдат работното време кое не треба да биде подолго од 8 часа. Бектеши појасни дека без ограничувања ќе работат и угостителските објекти, а не во една смена како што беше претходно соопштено.
Оние пак кои на ангажираните работници нема да им исплатат повисока дневница ќе бидат санкционирани.
Од ССМ бараат пак сите правила на работниците да бидат регулирани во еден закон во законот за работни односи. Сметаат дека за поголем дел од работниците неделата треба да биде неработна. Со тоа работникот ќе има повеќе време за одмор и за семејството но ќе биде и попродуктивен на работното место.
Според анализите неделата како неработен ден нема да има негативно влијание врз буџетот. Иако се очекуваше мерката да почне да важи од оваа, сепак ќе стартува од јанаури следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.