Агенцијата за вработување не ги објавува официјални податоци колку нови лица се пријавиле како невработени во јуни и јули, а кои добиле отказ од работа. Згора на тоа, традиционално во овие месеци се зголемува бројот на невработени и поради тоа што не сите завршени средношколци се запишуваат од факултет, па еден дел од нив се пријавува во Агенцијата.

Последните објавени информации се заклучно со мај иако на почетокот на август веќе требаше да бидат објавени и бројките за јули. Директорката Билјана Јовановска е на одмор и никој не знае кога податоците ќе бидат достапни за јавноста. Според она што е официјално на сајтот од март до мај, бројот на невработени во земјава се зголемил за нови 15.371 лица.

Дополнително, минатата недела Јовановска за „Телма“ изјави дека во јули имало прилив на нови 2.503 лица, а за јуни бројката била 3.656, па излегува дека над 21.500 лица добиле отказ од работа од март до јули за време на корона–кризата, односно за толку има новопројавени невработени. Сепак, официјален податок за тоа нема.

Инаку станува збор за сосема едноствна техничка операција. Секоја оддел на Агенцијата по општини за неолку минути ги сумира и испраќа податоите до републичката Агенција, по што, за уште неколку минути може да се направи збирен извештај, како и извештај за неваработеноста по општини, така што нема никаква причина податоците да доцнат два и повеќе месеци.

Сепак, веројатно е дека и таквиот извештај нема да ја даде целосната бројка на лица кои останале без работа, бидејќи многумина не одат да се пријават за да не влегуваат во гужви среде пандемијата, а особено што во услови кога има масовни отпуштања, мали се шансите дека Агенцијата би им понудила некакво работно место.

И додека земјава нема податок ниту анализа колку лица добиле отказ од работа поради корона-кризата, дури и некои од земјите од регионот, бројките за изгубени работни места ги објавуваа заедно со бројот на новозаболени со вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.