Економските мерки и политики кои ги реализираа Владата предводена од СДСМ даваат резултати, платите се зголемуваат, македонската економија е динамична и развојна, уверуваше во неделата на прес-конференција Размена Дуровиќ Чекиќ, претседателка на Комисија за економија на владејачката партија.

Како што нагласи Дуровиќ Чекиќ, просечната плата во јуни годинава изнесувала 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минтатата година.

„Просечната плата во држвата за четири години, односно од јуни 2017 година досега, е зголемена за една четвртина, односно за над 6.000 денари. Повеќе пари кај работниците е реализација на концептот на СДСМ, парите кај граѓаните. Затоа веднаш по преземањето на мандатот ја зголемивме минималната плата, која денес изнесува 15.200 денари и ја израмнивме во сите сектори“, рече партиската фукционерка на СДСМ.

Оцени дека сите показатели потврдувале дека македонската економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст.

Во тој контекст Дуровиќ Чекиќ рече дека индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани бележел „сериозна“ стапка на раст од 9,5 отсто, а според неа извозот од државата во првите шест месеци од годинава е зголемен за 39,1 отсто, во споредба со истиот период лани а иИстовремено увозот бележи раст од 38,7 отсто.

„Во неизвесни услови на светска пандемија и еконосмка криза, институциите предводени од СДСМ со над милијарда евра им помогнаа на граѓаните и на компаниите. Спасивме над 100.000 работни места. Помогнавме на над 400.000 граѓани и на повеќе од 35.000 компании“, рече Дуровиќ Чекиќ.

Додаде дека севкупната економска политика на Владата на СДСМ давала резултати кои секој граѓанин ги чувствувал во секојдневнието, и оти како одговорна партија продолжуваат со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат подобар животен стандард и брз економски раст, кои градат силна, стабилна и развојна економија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.