На денешната владина седница, ДУИ со контра предлог околу начинот на намалување на платите во јавната администрација. Од извори на ДУИ, се вели дека оваа точка од предлозите на СДСМ ќе мора да се промени и да се воведе друг начин на намалување на платите.

ДУИ ќе побара тоа да биде скалесто намалување, односно најниската плата да биде 14.500 денари, а највисоката 26.500 денари. Ова ќе зависи од тоа кој колку е ангажиран на работните места во ова време на криза. Ова мерка не би важела за лекарите, медицинскиот пeрсонал, полицијата и војниците. Но, 14.500 денари или дури нула денари би земале именуваните и избрани функционери.

Исто така, ДУИ планира со закон да ги ослободи кираџиите да плаќаат закупнина на дуќаните во наредните три месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.