Откако дел од работодавачите на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона кризата, Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават кај нив секое присилно отпуштање. Директорот на Инспекторатот Аљадин Хавзиу вели дека постапуваат секаде каде што ќе утврдат дека отпуштањата не се во согласност со Законот за работни односи, но онаму каде што отпуштањата се согласно законите не можат да преземаат мерки.
Сакам да напомнам дека Државниот инспекторат за труд нема магично стапче да ги врати луѓето назад на работа. Државниот инспекторат за труд ја проверува постапката за отказното решение. Ако е согласно законот, ништо не можеме, но ако има повреди на Законот за работни односи тогаш ќе постапуваме. За да постапуваме ние пак ги замолувам вработените да пријавуваат кај нас, рече директорот Хавзиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.