Електрани на Македонија (ЕСМ) купила денеска нови колични електрична енергија за потрошувачка за 7 дена односно од 6 до 12 декември за што ќе плати 3,85 милиони евра, објави „Фактор“.
Информацијата не е јавно достапна на интернет страницата на ЕСМ, а „Фактор“ пишува дека струјата ќе се набавува од три компании.
Највисоката цена е 325 евра за мегават час, останатите две се нешто над 324 евра за мегаватчас. Државата ќе купи од овие добавувачи 100 мегавати електрична енергија, што е капацитет на половина блок од РЕК Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.