Во вчерашната емисија ,,Што не е јасно,,  на ТВ Алфа, претставникот на КСС- Конфедерација на слободни синдикати, Благоја Ралковски, помеѓу другото, изјави дека вработените на Државниот инспекторат во земјоделство и инспекторите во истиот не се заштитени и осигурани.

Во оваа прилика, сакаме да укажеме дека во услови на панедемија КСС не треба да да шири невистини. Во врска со изјавата на претставникот на КСС сакаме да го изнесеме следното во врска со заштитата во Државниот инспекторат за земјоделство:

 

  • Сите вработени согласно со одлуките на Владата на Република Македонија, кои се во категорија на заболени од хронично заболувања, кои имаат деца до 10 годишна возраст, бремени жени и останатите категории наведени во одлуките на Владата не доаѓаат на работа и согласно можностите работните обврски ги извршуваат од дома;
  • Направен е распоред за работа кој овозмжува редовно извршување на работни обврски со што помал меѓусебен контакт;
  • Сите вработени кои можат да ги извршуваат работните обврски од дома, како на пример вработените кои работат на ,,ЕХIМ,, системот работат од дома;
  • Се прават вонредни напори за дезинфекција на работните простории и граничните премини во соработка со центрите за јавно здравство;
  • И покрај недостиг на маски и ракавици во рамките на достапноста на истите, се врши повремена набавка и се распределува на вработените исто како и средствата за дезинфекција. Сите инспектори имаат заштитни јакни и заштитни обувки, кои ги користат веќе 10 месеци;
  • Направени се напори да покрај полисите за повреда на работа се обезбедат и времени полиси за сите 96 инспектори за осигурување од ризик согласно законските прописи, а во следниот јавен повик за севкупно осигурување ќе биде обезбедена посебна ставка за осигурување на инспекторите.

 

Сето ова би требало да му биде  познато на КСС , бидејќи се однесува и за вработените од инспекторатот кои се членови на КСС.

На крајот би сакале да го повикаме КСС доколку е навистина загрижен за вработените во Државниот инспекторат за земјоделство, по примерот на некои други синдикати барем се обиде да се вклучи во обезбедување на заштина опрема.

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.