Република Македонија ќе земе заем од 100 милиони евра од Европската инвестициона банка со цел државата да им помогне на малите и средните, но и средно капитализираните претпријатија, преку евтини кредити кои Развојната банка ќе ги доделува преку комерцијалните банки во земјава.
За да се склучи договорот за заем, кој ќе го земе Развојната банка, пратениците треба да изгласаат закон за државна гаранција, чиј предлог е веќе во собраниска процедура.
Владата одлучила да го побара овој заем на седница одржана во ноември лани.
Со цел целосно задоволување на потребите на малите и средните претпријатија погодени од пандемијата Ковид-19, согласно Заклучокот од седница одржана на 06 ноември и со допис од 13 истиот месец, Министерството за финансии и Развојна банка на Македонија, во име на Владата, побараа од ЕИБ заем во износ од 100 милиони евра. Заемопримач ќе биде Развојна банка, додека Република Македонија ќе издаде државна гаранција – се вели во владиното образложение.
Развојна банка ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници.
Крајни корисници ќе бидат малите и средни претпријатија, а тоа се оние со помалку од 250 вработени, и средно пазарно капитализирани претпријатија, од 250 до 3.000 вработени.
Повеќе на „Фактор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.