Здружението на одгледувачи на медицински канабис „Макканабис“ бара побрзо донесување на измените на Законот за опојни дроги со кои ќе се овозможи извоз на сув цвет од канабис. Претставници на здружението денеска на прес конференција пред Собранието рекоа дека  трпат огромни штети поради тоа што не работат и не можат да извезуваат сув цвет од канабис кој е баран на пазарот, но се обврзани да ги задржат работниците за да ги задржат лиценците.

Законодавците треба што побрзо да пристапат кон донесувањето на измените на овој  закон и да ги донесат сите подзаконски акти за да овозможат оваа индустрија која е атрактивна за инвестирање да се работ, рече Костадин Дукоски претседател на „Макканабис“.

50 лиценцирани фирми кои произведуваат канабис во земјава денеска го доставија барањето во Собранието.

Законодавецот не ги следи светските движења во оваа индустрија. Ние сакаме да имаме можност покрај екстракти и готов производ да произведуваме и извезуваме уште и сув цвет од канабис. Овој производ е потребен на пазарот. Расте побараувачката и интересот за овие производи во светот. Германија веќе го регистрира како лек, рече Златко Кесковски член на Здружението.

Тој рече дека индустријата која ја овозможи законодавецот пред четири години не евоулирала ни малку бидејќи е сопрена да работи поради недонесените подзаконски акти.

Ние изгубивме неколку години во инвестирање во индустријата, а сега е многу потешко да се инвестира. Индустријата има развој, но има огромни штети. Инвестиравме но не можеме да одгледуваме канабис бидејќи нема каде да пласираме. Треба да ги задржиме работниците за да ја здржиме лиценцата и правиме огромни трошоци, рече Кесковски.

Тој рече дека дури по донесување на законот за извоз на сув цвет од канабис тие ќе можат и да го произведат и извезуваат.

Јовица Лешовски пак рече дека придобивките што граѓаните можат да ги почуствуваат од канабисот во мометов се во застој.

Ние како научници, а и науката истовремено стагнираме и ни треба подолго време да ги достигнеме  истражувањата, рече тој.

Лешовски додаде и дека развојот на оваа индустрија ќе доведе до развој на науката, ќе можат да бидат спроведени голем број истражувања, да се постави молекуларна основа за третирање на сите пациенти, анализа на производите.

Тој наведе дека канабисот има позитивен имакт во третирање на Алцхајмерова болест и многу видови канцер, аутизам, а истакна и дека има позитивно влијание на пациенти заболени од ковид-19.

„Маканабис“ очекува на средби со пратеници да ги дообајсни сите нејаснотиите и сомнежите на пратениците околу донесувањето на овој закон. Планираат и средба со комисијата за здравство која треба да даде зелено светло и за извоз на сув цвет од канабис, бидејќи во нашиот закон не е дозволено производство на сув цвет од канабис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.