Три дрона на МВР се приземјени со одлука на поранешниот министер Оливер Спасовски откако со реорганизацијата на тајната служба и формирањето на УБК, леталата не се префрлени ниту во јавната безбедност ниту во новата АНБ, објави КОД во своето вечерашно издание.
Дроновите набавени во периодот 2010/11 се од израелско производство се уште се способни за летање, а исто така се уште се плаќа за нивното одржување. Последната сметка изнесува 2,3 милиони евра и допрва треба да се плати.
Дроновите од типот Хермес 450 веднаш по купувањето се сместени во новоформирана единица за беспилотни возила во контроверзната Петта Управа на УБК предводена од поранешниот началник Горан Грујовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.