На Македонија наскоро ѝ следува нов многу голем економски товар, а со тоа и економски удар од кој со години ќе трпи последици, односно ќе отплаќа долгови.
Со месеци се пишува и се предупредува за последиците кои и следуваат на Македонија од едностраното и без правна основа раскинување на договорот со Казандол. Таму веќе процесот е во поодмината фаза.
Ако не се искористи сега и во следните неколку декади, Македонија нема да добие ништо од природното богаство
Поранешните влади на Македонија се трудеа да најдат и да донесат инвеститори кои ќе отворат нови рудници за што се потребни стотици милиони евра инвестиција. Рудниците не само што ќе донесат многу пари од плаќање концесии во буџетот на државата и општината каде се наоѓа рудникот, туку и ќе отворат стотици и илјадници директни и индиректни работни места, а секако давајќи работа локалните фирми ќе го заживеат локалниот економски развој.
Владата на Бучковски ја издаде концесијата за рудникот Иловица, кој подоцна доби полна поддршка и од владата на Груевски, која успеа да привлече инвеститори и во рудникот Казандол и за неколку други наоѓалишта кои досега ќе почнеа со отварање рудничките капацитети доколку актуелната влада не ја сменеше стратегијата.
Злетово, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка, Радовиш а до некаде и Прилеп, Кичево и Битола се рударски центри кои со години живеат од рудниците.
Економската логика кажува дека доколку сега не се исцрпат рудните богаства по 30 или 40 години можно е нивното експлоатирање да стане нерентабилно, неисплатливо.
Со текот на времето економскиот стандард ќе расте, платите ќе растат, како и услугите и енергијата. Особено со влезот на Македонија во ЕУ сите очекуваме зголемување на стандардот и платите. Големо прашање е дали со трошоците за плати, услуги, енергија и друго по 30 или повеќе години ќе биде исплатливо отворање на овие рудници кои сега требаше да се отворат. Ако не се експлоатираат во следните 2-3 декади, можно е никогаш и да не се отворат. Не случајно, во богатите земји со високи плати, висока цена на струја и висока цена на услуги и други трошоци поретко има рудници. Трошоците се преголеми. Ако денес еден рудар во Македонија работи за 600-800 евра нето-плата, во Англија потребно е да се плати неколку илјади фунти, цената на струјата и услугите е далеку повисока, со што веќе отворањето на рудникот за неговиот сопственик го прави неисплатливо. Со растот на македонскиот стандард и плати, ќе се намалуваат шансите за искористување на нашето природно богаство и ако не се искористи сега и во следните неколку декади, Македонија нема да добие ништо од тоа.
Протести против отворањето рудници и нивната заднина
Како и да е, некаде во 2015 година започнаа првите протести против отворање рудници. На почетокот тоа изгледаше спонтано и наивно.
Загрижени НВО го предупредија и го сензибилизираа населенито во Гевгелија дека ако се отвори рудникот на Кожуф, луѓето ќе бидат труени и ќе умрат. Протестите завршија со локален референдум со кој исплашениот народ одлучи да нема отворање рудник. Дури и градоначалникот исплашен да не губи гласови се приклучи на толпата. Потоа истото почна да се шири по другите градови.
Тогашната опозиција предводена од Заев со задоволство се приклучи на барањата на граѓаните и им даде дополнителна енергија вклучувајќи ги своите локални организации во “борбата за здравјето и животот”.
ВМРО-ДПМНЕ не се приклучи на оваа активност и апелираше дека станува збор за манипулација. Од нејзината коалиција се приклучи само Лилјана Поповска од ДОМА, која секогаш се приклучува на еколошки настани заради собирање политички поени имајќи во обзир дека партијата и беше од т.н. партии посветени на едно прашање, во случајот екологија.
Што беше видливо?
Активистите на НВО одеа на обуки во Виена. Добија многу пари за пропаганден матерјал и други трошоци за организирање на реферндумот и протестите. Водеа класична и мошне скапа медиумска и теренска кампања, налик на најскапите кампањи на големите партии во време на избори. Тоа некој го финасираше.
Дали обична волонтерска НВО може да си дозволи толку пари?
Зошто и кај кого, ако е организирана од народот активистите би оделе една недела во Виена на предавања од експерти за ваков вид протести, за да ги обучат македонските активисти во НВО како да организираат кампања. Сите тие со денови и недели спиеја таму по скапи хотели во Виена, се плаќаа скапи авионски карти, храна за престој итн, а тоа некој го плаќаше.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време беше нападната и под силен удар на политичката криза и “бомбите” на Заев и немаше доволно време и енергија за контра кампања, така што активистите на НВО практично немаа некој кој им се спротистави посериозно. Дури и да имаше време за тоа, мала е веројатноста дека ќе победеше во ситуација кога еден куп платени експерти и илјадници брошури, спотови, билборди кои кажуваа дека граѓаните ги чека сигурна смрт од труење и загаденост заради отворањето на рудниците.
Секој експерт што требаше да го привлечат да направи елаборат каков што сакаат, лесно го правеа тоа со големите фондови со кои располагаа. Народот виде дека многу професори и разни експерти го тврдат истото и се исплаши, што беше сосема нормално и очекувано.
Од истражувањето кое го направивме, во позадина на целата игра, јасно е дека воопшто не се реални еколошки ризици по здравјето и животот на луѓето, бидејќи рудниците ќе беа отворени под највисоките меѓународни еколошки стандарди.
Заднината на се ова е меѓународна борба на светско ниво, меѓу два и повеќе светски тајкуни кои во позадина стојат врз најголем дел од светските рудници на бакар и злато и во голема мера и ја диктираат нивната цена на берзите, од кој едниот е Џорџ Сорос.
Тој во македонскиот случај преку НВО, платени газди на медиуми, платени експерти, спотови, билборди, брошури, семинари и предавања и други активисти се обиде и успеа да го спречи отворањето на рудници на неговите конкуренти на светско ниво.
Џорџ Сорос не го прави ова само во Македонија. Истата игра ја направил и во Грција, Романија и други земји. Секаде со истиот рецепт: спрега помеѓу платени НВО, платени медиуми, платени експерти, паника кај народот и притисок врз политичарите.
Откога Заев дојде на власт, концесионерите се обидоа преку давање на работа со милионски заработки во рудниците на неговите семејни фирми да ја добијат неговата подршка.
Заев се фати за јадицата
Заев како и секогаш кога станува збор за пари, веднаш се фати за јадицата и почна преговори со НВО во смисла да ги убедува дека рудниците со некои промени кои би ги направиле во проектите нема негативно да влијаат на здравјето и животот на луѓето.
Но, веќе беше предоцна од два аспекта: народот веќе беше крајно сензибилизиран и исплашен од кампањата против рудници во која и самиот Заев како опозициски лидер учествуваше и второ, неговиот голем подржувач Сорос јасно му даде дознаење дека НВО, платени експерти и медиуми ќе ги сврти против него.
Заев отстапи и бесправно ги одземаа концесиите на кинцесионерите на Иловица и Казандол, кои Македонија ќе ја чинат милијарда и четиристотини милиони евра).
Што и да се случи, народот ќе плати
Постојат сомневања дека и во оваа операција кланот Заеви нашол бизнис интерес и дека со сопствениците на концесиите се договорил владата прилично несмасно да ја одземе концесијата со што сопствениците на концесијата многу побрзо и посигурно ќе дојдат до судска пресуда на меѓународен суд со која Макеоднија ќе мора да ја плати штетата, а од тоа да има нешто и на контото на семејните фирми на премиерот-бизнисмен.
Ќе следат огромни финасиски последици кои се неспоредливо поголеми од корупциски афери на владата со кои јавноста се занимава на дневна основа, од доделувањето лиценци за марихуани на премиерот, лиценците за нови хидроцентрали на вицепремиерот, набавките на министерот за здравство, криминалниот скандал “Рекет”, разни тендери за ова или она.
Завршувањето на судските процеси и арбитражи се очекува да биде постепено тргнувајќи од следните 7-8 месеци па до две или три години од сега, а Македонија само за две концесии на рудници ќе ја чинат повеќе од 1,5 милијарди евра, а заедно со уште три други судски случаи дури можеби и над 1,7 милијарди евра.
Ваква сума не само што не може да се враќа од редовните приходи во буџетот туку ќе биде исклучително тешко за неа регуларно да се обезбеди и заем бидејќи станува збор за износ кој е околу 40 осто од сегашниот вкупен државен долг на Македонија.
Како премиерот планира да ги исплати овие штети ќе видиме во следните две-три години. Тој можеби смета на тоа дека по следните парламентарни избори нема да е веќе премиер па овие процеси и проблемот ќе ги остави на новата влада по поразот на СДСМ на следните избори и уште и ќе се обиде да ја обвини за неспособност, дека ја презадолжила државата.
Едно е јасно, што и да се случи, парите на крајот ќе ги плати народот, порано или подоцна, бидејќи буџетот од кој ќе се плаќаат кредитите се полни исклучиво од парите од народот во државата.
Над 1,7 милијарди евра отштети
1.Иловица
Речиси 60 проценти од овој износ ќе отпадне на обесштетување за одземената концесија за рудникот Иловица, Валандовско, кој требаше да биде најголемиот по обем и вредност на ископана руда и по големина на инвестицијата, но и најголем по бројот на вработувања и влијание на локалниот економски развој.
Оваа концесија Бучковски им ја даде концесијата на инвеститорите, а кога веќе по цели 14 години обемни подготовки беа подготвени да започнат со отворање и експлоатација на рудникот, Зоран Заев им ја зема одзеде, со огромни и долгорочни правни и финасиски последици за државата и граѓаните.
Штетата за државата која ќе треба да се плаќа за противправно одземената концесија за рудникот Иловица ќе изнесува најмалку милијарда евра и повеќе.
Концесијата еднострано е раскината и следува меѓународна арбитража. Адвокатите на компанијата веќе ја подготвуваат тужбата за меѓународна арбитража прилично убедени дека ќе го добијат спорот.
Компанијата-сопственик на концесијата досега во истражувања инвестирала 200 милиони евра и идентификувани се точните количини злато и бакар кои требало да ги извади, да ги продаде и да заработи. Сето тоа, сега ќе побара да ѝ го плати државата.
Арбитражното побарување се очекува да биде најмалку една милијарда евра. Ова во процесот на арбитражата според адвокатите се очекува дека ќе помине “на прв повик” бидејќи изговорот дека ќе загадуваат не е образложение што ќе биде прифатено како оправдување, од причина што станува збор за примена на највисоки меѓународни еколошки стандарди.
Сето ова е спротивно на лажната пропаганда со која СДСМ во опозиција заедно со невладините организации финасирани од Сорос го плашеше народот за да направи протести и штети на ВМРО-ДПМНЕ, а кога дојде на власт веќе немаше како да ги разубеди длабоко исплашените и сензибилизирани граѓани дека порано ги лажел за да дојде на власт.
Дополнителен интересен момент е што адвокатите ангажирани од владата се директно поврзани со сопругот на министерот за правда Рената Десковска како и ќерката на еден од медиумските пропагатори на СДСМ, Бранко Тричковски. Истото адвокатско друштво ги има изгубено сите судски предмети за Македонија.
2. Казандол
Вториот случај, многу сличен на првиот, е оној за кој веќе еднаш пред неколку месеци беше објавено, а тоа е еднострано одземената на концесија без суштински прекршување на договорот од страна на рудникот Казандол, Валандовско.
Оваа пресуда бидејќи концесијата порано беше одземена и е порано почната како постапка, а од причина што е и многу едноставен случај, која е во висина од околу триста осумдесет милиони евра може да се случи уште кон крајот на оваа година или првата половина на следната.
Украинскиот сопственик има ангажирано врвни адвокати од Англија и е повеќе од сигурен дека ќе ја добие пресудата па парите во износ од 380 милиони евра, што од рудникот требаше да ги земе во период на експлоатација од над 20 години, ќе си ги земе за најмногу една година.
И во двата случаи, Иловица и Казандол не се пресметани индиректните финасиски штети од нереализираниот економски развој на регионот, новите работни места доколку се реализираа.
3. ОКТА
Третиот случај е арбитражното побарување од Хеленик петролеум за неоткупување на предвидените количини мазут согласно договорот склучен во 1999 година, кога тогашниот премиер директно го поставува договорот на седница на влада без некој од министрите и стручните служби на владата пред тоа да го види, а по неговото изнудено прифаќање веднаш се собираат сите изгласани примероци од договорот за случајно некој министер или новинар да не го прочита и потоа истиот оди на парламентот, по чие изгласување претседателот Глигоров не го потпишува, но подоцна е изгласан уште еднаш и според одредбите на Уставот тој тогаш мораше да го потпише.
Овде сега побарувањето од Хеленик Петролеум од Грција е 75 до 80 милиони евра.
Поранешната влада во 2015 и 2016 година работела и покрај контраверзниот договор, со кој државата се обврзала секоја година да набавува огромна количина мазут од Хеленик Петролеум далеку над потребите на земјата, да ја избегне оваа арбитража и да најде модел и постапки кои ќе го спречеа ова барање на Хеленик Петролеум и заедно со ангажирани домашни и странски консултанти нашла таков прилично сигурен модел.
Заради предвремените избори и заради долгиот период кој беше т.н.изборен период со многуте ограничувања која владата ги има во тој период, заедно со политичката криза која беше актуелна, владата на Груевски и Димитриев не стигнала да ја спроведеме долго подготвуваната операција на група експерти и ја оставила на новата влада да ја спроведе.
Но, новата влада, дали заради неискуство, или политички инает или можеби намерно и свесно во таен договор со Хеленик Петролеум целосно го игнорирала навременото преземање мерки, па сега веќе Хеленик петролеум преку суд си ги бара парите.
Последиците или од тајно договерена провизија за поединци во власта за непреземање мерки и со тоа губење на спорот, или пак од тој арогантен однос да не се прифати се што е предложено од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тие последици ќе ги видите по завршувањето на арбитражата.
Покрај директната штета, ќе има и индиректни штети од пресудата поврзани со нафтоводот и цената за ремедијација на земјиштето под Окта во висина помеѓу 50 и 60 милиони евра, што вкупната штета може да ја донесе некаде до 200 милиони евра.
Така наместо Македонија да тужи за прекин на работа на ОКТА од 2010 година и непридржување кон еколошките стандарди, сега тие не тужат, а индиректна штета од пресудата во корист на Хеленик ќе биде доделување на нафтоводот во смисла на негово користење како продуктовод и цената за ремедијација под Окта што како што наведовме ќе чини помеѓу 50 и 60 милиони евра.
4. Фени
Четвртиот случај на меѓународен суд е Фени.
https://www.bailii.org/ew/cases/EWHC/Comm/2019/345.pdf
https://www.bailii.org/ew/cases/EWHC/Comm/2018/3382.pdf
https://www.bailii.org/ew/cases/EWHC/Comm/2019/57.pdf
Кратко и поедноставено кажано претходните сопственици на Фени ја тужат државата за намерно носење во стечај на фирмата иако на сметката имале повеќе средства одколку побарувања. Тие арбитражното тужат за цели 65 милиони евра и се убедени дека ќе ги добијат.
5. Макпетрол
Последниот, петиот случај е тужба против државата на Макпетрол, за складиштење за надомест на државни резерви во висина од 45 милиони евра.
Со скорешни измени на Законот за складиштење, се овозможува на Макпетрол кога ги чува/складиштува државните резерви на нафта да наплаќа надомест. Претходно наместо тоа, Макпетрол имал право само да ја користи нафтата во текот на годината но на одреден пресечен датум да ја има во истиот обем. Сега Макпетрол побарува обештетување и за претходните години складиштење. Со други зборови по промената на Законот со кој Макпетрол за извршеното складиштење на државната нафта не мора да добива компензација со тоа што таа нафта ќе може да ја користи во текот на годината, туку може да си бара кирија за складиштењето, сега Макпетрол на прв поглед прилично бесмилсено, бара отштета за годините пред неодамна донесениот закон, што значи ретроактивно.
Имајки предвид што се поминува низ нашите судови, не треба да се изненадиме и ова да помине.
Кој од оваа влада за сето ова во иднина ќе одговара, тоа доправа ќе видиме. Но, едно е јасно, а тоа е дека наместо Македонија економски да напредува и да се развива во следните 10 години, ќе треба да плаќаме за грешките на корумпирано водство на државата или некомпетентни и суетни членови на владата во овие две години.
Барањето одговорност во иднина ќе биде сосема легитимно бидејќи постојат основани сомнежи дека дел од овие случаи се свесно направени во договор со тужителот за на брз начин да се дојде до износ на пари за кој инаку би требало 20 или повеќе години работа и експлоатација на рудниците, или штети кои би можеле да се спречат со чекори превземени од владата, или со не одземање на концесиите. Владата има многу малку време да преземе нешто итно за неколку месеци, за дел од овие случаи, пред потоа да биде предоцна. Мала е веројатноста дека тоа ќе се случи. Се очекува првите пресуди да почнат да пристигаат помеѓу ноември и јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.