Владата на денешната 36-та седница донесе одлука за деветнаесетта емисија на обврзници за денационализација во висина од 11.500.000 евра за реализација на вкупно 800 решенија за денационализација, кои се правосилни од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година и на кои им обезбедено правото за надомест во вид на обврзници.

Како што соопшти владината Прес-служба, обврзниците за денационализација се издаваат со рок на достасување од 10 години и со каматна стапка од два отсто годишно.

Исплатата на обврзниците се врши еднаш годишно на 1 јуни секоја година, а исплатата на обврзниците за денационализација од деветнаесеттата емисија ќе започне од 2021 година, се додава во соопштението од владината седница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.