Недоволно содржини, атракции, сместувања, услуга, управување со отпад и придржување до протоколите, се само дел од сегментите што ќе мора брзо да ги подобриме ако сакаме во викендите до крајот на годината да имаме туристи во домашните капацитети. Сезони веќе не постојат, корона кризата измести се.

Падот во секторот е на очекувано ниво и во рамки на европскиот просек од – 67 отсто во бројот на гости и 56 проценти во бројот на остварени ноќевања. Има простор за оптимизам дека зацртаната цел е возможна – достигнување два милиона ноќевања во 2020 година.

За вистинско закрепнување на туризмот, оценува директорот на Агенцијата, потребно е подобрување на законската легислатива преку воведување повеќе системски решенија кои ќе ги опфатат слабите точки дефинирани за време на КОВИД-кризата, но неопходен е и нов модел на субвенционирање кој нема да базира на квантитет на туристи, туку ќе овозможи долгорочна оддржливост и подобрување на квалитетот на услугата и сместувањето со што би станале конкурентна дестинација во регионот.

-Туристичките места се исполнија со домашни туристи и веќе од втората половина на јули сместувачките капацитети беа максимално пополнети. Притоа, голем број дестинации ги покажаа нашите недостатоци и на површина излезе слабото управување со туристичките дестинации. Бидејќи годинава претежно се потпираме на домашниот туризам, мерењата се во поглед на бројот на остварени ноќевања за кои очекуваме да имаат пад во 2020 година од 30-35 отсто во поглед на минатата година, што би се сметало за успех доколку ги земеме предвид најавите за процентуалниот европски, па и светски пад на туризмот, вели Јаневски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.