Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред сè тука мислам на проф. Андревски, кој што е мој стратешки соработник кој работи на „Квинс“ Универзитетот во Канада. Тука е и г. Караско, кој што ист така е мојот стратешки соработник и тој учествуваше во изработката. И плус домашни експерти, професори како г. Славески, и луѓе од реалниот сектор да не ги заборавам, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на 24 телевизија.

Мицкоски додаде дека многу внимателно се составуваше програмата, и се водеше сметка да не се даваат ветувања кои што не би можеле да се исполнат. Во програмата има само реални проекти кои што ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги исполни во четиригодишниот мандат. Мицкоски исто така посочи дека во програмата е предвидена и сегашната состојба со Ковид-19.

Се обидовме да нивелираме во бројките во овој меѓупериод. Кога зборувам за меѓупериод зборувам за кога беше Ковид пандемијата. Затоа што за волја на вистината не може да кажам дека е завршена. Бидејќи се уште трае. Се обидовме да ги нивелираме бројките, да антиципираме некои нови можни сценарија, и цениме дека ова кое што го имаме напишано таму дека можеме да го испорачаме во следниот четиригодишен мандат, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.