Скандалот со корупција при изградбата на Клиничката болница во Штип до крајност ја отсликува политиката на оваа влада која, во секоја прилика, и тоа без задршка и обид за барем формално покривање со закон, применува корупција секаде каде што има поголем проток на пари. А, за изградбата на Клиничката болница во Штип предвидени беа 30 милиони евра што е проток на пари кој луѓето од власта ги довел во големо искушение.

Пред се министерот за здравство Венко Филипче, министрите за финансии од СДСМ Драган Тевдовски и сегашната министерка Нина Ангеловска и, секако, премиерот Зоран Заев бидејќи и во овој бизнис се појавуваат членови на неговата фамилија, братучедот Трајче Заев. Сите наведени од власта знаеле, и морале да знаат, дека во изградбата на Клиничката болница во Штип е видно забележлива – корупција, oбјави Вечер.

За вовед на оние кои не го прочитале првиот дел од објавата на порталот Вечер за овој скандал: На почетокот на февруари ланската, 2019 година, министерот за здравство Венко Филипче изјави: Грчката градежна фирма Интракат, со која ова министерство има потпишано договор за изградба на Клиничката болница Штип, го раскинала договоот со досегашниот подизведувач (Бетон Штип) и бараат продолжување на рокот за градба. Рокот го продолживме, и сега крајниот рок треба да биде почетокот на 2020-та година…

2020-та дојде, а Клиничката болница Штип ја нема, изградена е половина од проектот, и сега се најавува ново одложување за следна година дена и најава дека државата ќе плати дополнителни 7 милиони евра само за надградба на машинскит парк и електриката, наместо Филипче да бара пари како надомест за штета поради доцнењето во изградбата.

Подизведувач на градежните работи била фирмата Бетон Штип. Против сопствениците на Бетон Штип, на 9 ноември 2018 година, СЈО отвори истрага под име Империја по што веднаш беше уапсен Орце Камчев со други лица од таа истрага. Во судењето за Рекет од Катица Јанева и Бојан Јовановски (Боки 13) како рекетирани лица се спомнуваат, освен Орце Камчев, и другите двајца сопственици на Бетон Штип: Зоранчо Митровски (Езимит Штип) кој бил претседател на одборот на директори и Цветан Панделевски (Пелистерка) член на одборот на Бетон Штип.

Грчката фирма Интракат иако ги добила парите од Владата не платила два милиони евра на подизведувачот Бетон Штип, тие стануваат неликвидни и мора да заминат во стечај. Патем, во меѓувреме, Интракат го уценува Бетон Штип да им ја купи фирмата за 1,2 милиони евра иако им должи два милиони евра и, со купувањето на Бетон Штип, Интракат веднаш би заработиле 800.000 евра и би станале сопственици на нивната банкарска гаранција за објектот кој се гради од 3,5 милиони евра. Оваа уцена е одбиена по што Бетон Штип паѓа под стечај.

Владата добила банковна гаранција од изведувачот на работите Бетон Штип во износ од 3,5 милиони евра но, таа гаранција ја дал подизведувачот Бетон Штип а не грчки Интракат. Со раскинување на договорот помеѓу Интракат и Бетон и со паѓањето на Бетон Штип под стечај таа банковна гаранција е неважечка за наведената намена, а до денес Министерството за здравство не ја активирало, ниту по основ доценење со градбата, ниту по основ раскинат договор и стечај на гарантот,  што е сериозен законски прекршок за кој се лежи затвор.

Еве ги деталите за тоа, но и други криминали со проектот околу овој случај.

Проектот кој го добил тендерот за Клиничка болница Штип е на Инком Инженеринг Скопје, каде директор е Никола Велковски, пораншен градски архитект на Скопје. Тие се и надзор над прокетот. Тендерот поминал и ревизија така што нема никаков основ сега Интракат и Министерството за здравство да тврдат дека имало пропуст во проектирањето на машинскиот дел и електриката, особено не дури откако почнало доцнењето со изградбата на објектот па потоа се сетиле на ова оправдување.

За надзор на изградбата се избрани од фирмата Еуроконсалтинг Скопје. Овој избор е направен без тендер, со договор во четири очи. На тендерот за надзор победила англиската фирма Мејси која веднаш се откажала, а нов тендер не е распишан туку е избрана Еуроконсалтинг по личен избор на министерот Венко Филипче.

Кога почнало да се доцни со градбата, а до крајниот рок во 2018 биле изградени само околу 30% од проектот, Министерството за здравство и Интракат почнуваат да вршат притисок врз проектантот Инком Инженеринг за измени во проектот за да се оправда задоцнувањето кое повлекува раскин на договор со изведувачот Интракат и активирање на банкарската гаранција од Бетон Штип. Проектантот одбива да ги изврши бараните измени бидејќи не се оправдани, ниту се во согласност со проектот. Министерството за здравство, како одмзада, ја активира банкарската гаранција од 2.500 евра од проктантот и презема незаконски мерки за да ја оствари својата цел.

Наместо Инком Инженеринг Скопје, за главен надзор над проектот Министерството своеволно ги избира Мегарон Скопје кои се подизведувачи. Потоа, Венко Филипче од Мегарон добива измени во прокетот за машинство и електрика, а изведувачот Интракат бара 7 милиони евра за измените во овој дел од проектот.

Целата оваа постапка е незаконска и Обвинителтвото мора да изврши истрага и поведе судски процес. Никој освен проектантот не може да го менува проектот кој поминал ревизија и прифатен е како таков, а изведувачот Интракат и инвеститорот Министерство за здравство немаат никакви овластувања своеволно да менуваат делови од проектот, и плус да го поскапат за 7 милиони евра, и тоа само за машинство и електрика, кои севкупно чинат толку, а овде дополнително се бараат 7 милиони евра само за измени.

И доаѓаме до – банкарската гаранција како вовед во вкупниот криминал. Дефинитивно, Министерството за здравство како инвеститор нема банкарска гаранција од изведувачот Интракат, и за тоа министерот Венко Филипче треба законски да одговара, а во прилог на тоа објавуваме и документација.

Интракат самостојно го добил тендерот и со ништо не гарантира дека работата ќе ја заврши согласно проектот и на време. Веќе се доцни речиси две години, и наместо активирање на банкарската гаранција Венко Филипче му планира нови 7 милиони евра на Гркот Димитрис Кутрас, менаџер на Интракат. Банкарската гаранција е издадена од Бетон Штип, а издавач е Комерцијална банка Скопје. Бетон Штип нема веќе договор со Интракат, под сетачј е, и банкарката гаранција нема важност и функција по овој тендер.

Министерот Филипче наивно и панично тврди дека прокетот немал дел за машинство и електрика, што не е точно и се гледа од самиот проект дека тие се во него инаку тој проект не би ни можел да постои, ниту би поминал ревизија. Освен тоа, за банкасрката гаранција Филипче го изјави следното: “Министерството нема примено банкарска гаранција од подизведувачот Бетон Штип, туку банкарската гаранција е на име на фирмата изведувач на овој објект Интракат. Од моментот на потпишување на договорот па се до денешен ден, постои валидна и активна банкарска гаранција која е на име на изведувачот Интракат.“

Еве ги документите кој е гарант, кој ја издава и кој само ја предава до Министерството банкарската гаранција за градба на болницата во Штип. Еве го и договорот помеѓу Интракат и Бетон Штип дека гаранцијата е – на Бетон Штип, тие се гарантот а не Интракат која само ја поднесува НИВНАТА гаранција бидејќи НЕМА СВОЈА, а го добива тендерот. По давањето на банкарската гаранција од Бетон преку Интракат, договорот помеѓу Интракат и Бетон Штип – е раскинат, знали НЕМА активна банкарска гаранција. Патем, објектот не е изграден во рок а банкарската гаранција не е активирана, што е законска обврска на Филипче во таков случај.  Филипче не зборува вистина, документите зборуваат против него.


Што е следно? Обвинителството и досега веќе мораше да се активира и поради јасните факти за корупција и криминал, и поради сериозноста на корупцијата која е со висока вредност и во која учествува државниот врв, министри во владата. Но, Обвинителството предводено од Љубомир Јовевски, кадар на Зоран Заев, нема реакција што и може и да се очекува, тој таму не е донесен од Заев за да ја контролира власта и него лично, туку да изврши притискок и прогон на политичари, новинари, бизнисмени кои не се под контрола на власта и Зоран Заев лично и засега само тоа го прават успешно, а ваквите корупции, како и работата на Јовевски и неговите колеги ќе се разгледува наскоро, по изборите.
Извор: Вечер.мк

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.