Денеска е последен ден за мене бидејќи сум разочаран. Барам прошка од 532 мои пациенти, вака ја заврши својата 3 годишна работа како општ лекар, Сали Садику од велешко Јаболчиште.
Тој е принуден да ја затвори оваа амбуланта поради разните притисоци и многу други фактори, како и поради неисплатените средства од ФЗО.
Со пречки од директорката на социјална и од други лица чии имиња не сакам да ги спомнам, секоја медицинска сестра која доаѓаше кај мене, заминуваше бидејќи добиваа закани по живот.-вели Садику.
Решението на проблемот го гледа на печалба, надвор од земјава.
Мојот пат е ист како на сите други, но не од желба туку од незадоволство. Јас сум обврзан да тргам кон патот на печалбата.
Каде ќе одите?
Имам две опции, Белгија или Германија-вели Садику.
Целата сторија проследете ја на ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.