До крајот на годинава работодавачите во приватниот сектор треба да исплатат регрес за годишен одмор, или популарно наречен К-15 на своите вработени. Рокот за исплата истекува на 31 декември, а висината на исплатата се утврдува врз основа на просечната нето, односно бруто плата исплатена на ниво на држава во последните три месеци.
За оние кои сеуште не добиле регрес за годишен одмор има една радосна вест. Имено, ониена кои по 20 декември ќе им биде исплатен К-15 треба да знаат дека неговиот износ е поголем во однос на износот што вработените го добиле пред 20-ти декември откако ДЗС ги објави новите податоци за движењето на платите во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.