200 илјади дози од кинеската вакцина до 28 април ќе пристигнат во државата. Подготвуваме спортски сали за вакцинирање во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола каде што по истиот принцип на салата Борис Трајковски во Скопје на повеќе пунктови ќе може да се вакцинираат поголема бројка на граѓани, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Во однос на општата слика со пандемијата, министерот тврди дека ситуацијата се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а како што вели, тоа се гледа по бројот на ново дијагностицирани случаи, но и по тоа што се намалувал притисокот кон болниците ширум државата.
Филипче вели доколку продолжи овој тренд на намалување на пандемијата ќе се отворат угостителските објекти и ќе се намали полицискиот час.
-Бројот на смртни случаи исто така се намалува, единствен критериум според кои се прават мерките е принципот на заштита на здравјето на граѓаните. Доколку продолжат овие трендови ќе се отворат угостителските објекти и ќе се намали полицискиот час. Имав средба со двајцата верски лидери на МПЦ и ИВЗ апелирав да се почитуваат мерките и сега во храмовите и службите. Во текот на следната недела ќе донесеме одлука дали граѓаните ќе останат дома за Велигден, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.