Потпишување договор за избегнување на двојното оданочување со наашта земја бараат од Федерацијата на индустрии на Грција во писмото испратено до грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос, објавија грчките медиуми.

Од Федерацијата сметаат дека договорот „ќе биде силен поттик за зајакнување на економската соработка на двете земји, со тоа ќе им се даде можност на грчките бизниси што се активни во земјата да ја подобрат нивната позиција, а тоа ќе погогне во зголемувањето на грчкото присуство во регионот”, јави дописничката на МИА од Атина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.