Премиерот во заминување Зоран Заев и СДСМ пред три години го поништија огласот за набавка на механизација и опрема за РЕК Битола, распишан од претседателот Христијан Мицкоски, како тогашен директор на ЕЛЕМ. Инвестиција која што ќе заштедеше пари и ќе ја направеше РЕК Битола независна од надворешни изведувачи, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот во заминување Заев го поништи огласот за набавка на опрема и механизација за РЕК Битола за да може да распишува милионски тендери за ископ и транспорт на руда. И додека граѓаните јадат сол и леб, фирмите на Заев и нивните олигарси работеа во РЕК Битола за милиони евра, рече Стоилковски.
Според него, наместо да заштеди пари, РЕК Битола изминативе три години потроши 40 – тина милиони евра за плаќање на надворешни изведувачи.
За сега откако го исцедија буџетот на претпријатието да распишуваат оглас, овој пат под сомнителни околности. Критериум за избор која фирма ќе го добие тендерот за набавка на опрема нема да биде најниска цена, туку власта си остава простор да може да го избере кој сака. Односно фирмата која што им е блиска, рече Стоилковски.
Пустошот, потенцираше тој, во енергетскиот сектор е видлив и мора да запре.
По 12-ти април следува одговорна и развојна енергетска политика, со инвестиции и проекти за доброто на граѓаните, заврши Стоиковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.