Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски за МИА вели дека не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември
Засега не гледам причини за корекции на цената на електричната енергија и нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни зашто АД ЕСМ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за Универзалниот снабдувач по цена од 36 евра за мегават час – изјави Бислимоски.
Нагласи дека цената на електричната енергија секогаш се утврдува во јуни и важи најмалку до крајот на декември, а потоа се распишува нов тендер за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.