Економските мерки насочени кон зачувување на работните места и ликвидност на компаниите во корона кризата ги дадоа очекуваните ефекти. Околу 19.500 компании во април и исто толку во мај ја искористија мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари за плата за работниците, а голем интерес се очекува и во јуни, вели директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во интервју за МИА.
Во првото интервју дадено за медиум по нејзиното враќање на работните обврски откако претходно и беше потврден позитивен тест на корона вирусот, Лукаревска говори за мерките што беа донесени како поддршка за реалниот сектор во справувањето со последиците од корона кризата, но најавува и контроли поради извесни злоупотреби особено за мерката за поддршка од 14.500 денари.
Во моментов, во УЈП правиме анализи со кои ги следиме исплатите на оваа плата на самите работници од страна на работодавачите. Добиваме повеќе приговори, пријави и претставки дека не сите ја имаат добиено утврдената сума на средства од оваа уредба со законска сила и ќе направиме контрола заедно со Државниот инспекторат за труд бидејќи тоа е утврдено во самата уредба. Постојат и критериуми доколку некој е со скратено работни време, колку треба да му се исплати, меѓутоа има дојава за одредени злоупотреби и врз основа на нашите законски надлежности, ќе спроведеме соодветни контроли, истакнува Лукаревска.
Задоволна е од наплатата на даноците бидејќи најновите податоци покажуваат дека во периодот од 1 до 17 јуни има зголемување од 35,5 проценти во однос на истиот период лани. Мало намалување има кај данокот на добивка, што според Лукаревска, се должи на тоа што во изминатиот период еден дел од општествено-одговорните компании предвреме ги платиле месечните аконтанции за данокот на добивка.
Во интервјуто, Лукаревска открива и дека повеќе сметки се скенирале во периодот на корона кризата и оти досега 1.728 граѓани корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ кои по грешка ја избрале опцијата за донација, побарале враќање на парите.
Нивната можност ова да го направат завршува последниот ден од јуни, а нашата обврска како УЈП за да ги вратиме парите завршува на крајот на јули, посочува Лукаревска.
злично го преживува овој тежок период во
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.