Има ли поголем криминал од лажгите на премиерот Зоран Заев, кој две и пол години ја блокира изградбата на автопатот Кичево – Хрид со образложение дека трасата била промашена. Најголемиот туристички центар и главниот град никако да се поврзат со автопат.
Договорот со кинеската градежна фирма Синохидро двапати се дополнуваше со анекси, се пробиваше рокот, се зголеми сумата за половина. Автопатот Кичево – Охрид за кој СДСМ велеше дека е платен прескапо, проекциите од претходната власт беа околу 375 милиони евра, во времето на СДСМ поскапе за 187 милиони евра.
Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески обвинуваа дека трасата е промашена, а пак опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во чиешто време започна изградбата на автопатот, обвинуваше дека од ветените илјадници километри патишта СДСМ не асфалтирал ниту метар.
Не може бандитските работи на автопатите криминално да ги продолжиме заради тоа што мора да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса. Не може да не знаат граѓаните дека тоа што претставува нерешени имотно – правни односи заради провизијата, брзајќи да се реализира нанесува огромни штети врз Република Македонија и врз буџетот на граѓаните на Република Македонија – изјави Заев.
Пред неколку месеци вицепремиерот Кочо Анѓушев ја напушти фразата „промашена траса“, па зборуваше за недостиг на финансии.
Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид“, рече Анѓушев.
Во интервју дадено во јули годинава тој истакна дека очекува дел од автопатот кој е со должина од шеесетина километри, односно околу 30 километри, да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година.
Претседателот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски конечно вчера призна дека не била промашена трасата на патот Кичево – Охрид, како што претходно се тврдеше, но за терминологијата ги обвини граѓаните.
Од друга страна за Кичево Охрид, да се согласувам дека не била промашена трасата можеби тоа е терминологија којашто се употребуваше и не од СДСМ туку и од граѓаните и од медиумите можеби била преземена од некои од СДСМ, изјави Бочварски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.