Наместо современо автопатско решение на кое се чека веќе неколку години, за да се стигне до Охрид и Струга и ова лето ќе мора да се патува и по четири часа, по стар небезбеден пат. Од туристичкиот сектор алармираат дека ако не се забрза довршувањето на градежните работи, целиот регион ќе се претвори во дестинација каде туристите ќе сакаат да поминат само еден или два дена, објави „Алсат“.

Погледнете сите земји како автопатски се поврзуваат. Погледајте ја Албанија, Косово, Србија, а Грција и да не зборуваме. Тие сега ја модернизраат и железничката инфраструктура со брзи возови. Ние ќе останеме дестинација која ќе биде на поминување на еден или два дена… Затоа треба офанзива за градење на тие автопатишта особено регионот Скопје – Охрид – Струга да се поврзе со автопат“, изјави  за Алсат Зоран Стрезовски- професор по туризам.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.