Генералниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули, најави дека до крајот на месецов ќе се овозможи извршување на сите финансиски услуги на сите 300 шалтери на Пошта низ целата држава.
Утринава имавме завршни разговори со банката која ги врши услугите и до крајот на месецов ќе бидат достапни сите услуги за граѓаните. Имаме 40-тина услуги кои се во рамките на договорот што е потпишан со „Халк банка“, вклучувајќи пензии до дома – изјави Макрадули во одговор на новинарско прашање.
Макрадули потенцира дека покрај веќе воспоставеното плаќање со образецот ПП 30 за буџетски корисници, деновиве ќе почне да функционира и со ПП 10.
Во неколку етапи ќе почнат сите плаќања меѓу кои и за небуџетските корисници како што се плаќањата за градинка, училишта,… Сите ќе бидат достапни во краток период – прецизира Макрадули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.