Година 2017, месец септември, телевизија 24. Премиерот Зоран Заев прпват ги најавува следните странски инвестиции, кои ќе донесат 900 милиони евра во Македонија.
Кажувам директно, работам да ги донесам „Фејсбук“ и „Гугл“, вели премиерот.
Но, не само што нема Ф од „Фејсбук“, ни со останатите инвестиции нема фајде.
Според новиот извештај на Светска Банка за земјите од Западен Балкан преценките за Македонија се дека растот во 2019 година ќе изнесува скромни 2,9%, а во 2020 година ќе изнесува 3,2 % . Исто така во извештајот стои дека јавниот долг на Македонија се зголемил од 47,8 % на 48,4 %. Според експертите ваквата состојба покажува дека македонската економија воопшто не оди напред туку напротив дека стагниpa и се yнaзадува.
Имено, Зоран Заев и Владата пред да дојдат на власт ветуваа дека економскиот раст ќе изнесува 5 % додека проценките и податоците на Светска Банка го кажуваат сосема спротивното. Економистите коментираат дека со вакво бaвнo и очajно темпо на работа од страна на Владата македонската економија се соочува со цpнo сценapио.
Во последната анкета на Делегацијата на германското стопанство врз германските инвеститори во земјава, пак, мнозинството од инвеститорите се изјасниле како незадоволни од тоа како функционира актуелната влада. Толку биле фокусирани на решавање на спорот за името и надворешната политика, што ја запоставиле економијата. 56% од германските инвеститори сметаат дека деловното окружување е лошо, а само 5 отсто го оцениле како добро.
Германските инвеститори се незадоволни и од бавната реализација на инфраструктурните проекти. Како главни проблеми кои им пречат во работата ги посочуваат корупцијата, криминалот, неефикасната администрација, правната несигурност. Бараат подобро функционирање на судството, а и забележуваат на Владата што не ги консултира навреме кога носи важни реформи, како на пример кога ги зголемува даноците и минималната плата.
И додека „обичните“ земјоделци ги истураат јаболката покрај патот, а субвенциите доцнат, бизнизот со садење расте и цвета само за фамилијата. Во две од компаниите кои добија лиценца да водат бизнис со канабис за медицински цели главниот збор го имаат братучедите на премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.