Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар.
Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 73 денари/литар, Еуросупер БС-98 за 75 денари/литар, а Еуродизел (Д-Е V) од вечер на полноќ ќе чини 62 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/литар и ќе чини 64 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 се зголемува за 0,786 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,181 ден/кг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.