Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, избега од камерите и не одговори на прашањето дали по притисок на власта биле фингирани информации за да претстави позитивна економска слика во Македонија. Јавноста остана покуса за одговор на ова прашање, Симовски порача да се почекало писмено соопштение, бидејќи имал друг настан.
Имаме сега друг настан ве молам. Ќе добиете писмено известување сите… Ве молам сега сме тука за друг настан, да му дадеме значење на овој настан, ќе добиете сите писмено известување од Заводот, изјави Симовски.
Сомнежите за вакво нешто се појавија откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски обвини дека поранешни и сегашни вработени во Статистика сведочеле дека раководството на оваа еминентна институција, под притисок на власта, фингира податоци за позитивна економска слика. Дирекциите да се фингираат податоците стигнувале од Владата, со цел да се обезбедат подобри стартни позиции за обезбедување на средства за финансирање на буџетот и политиките кои ги води власта, кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.