Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, на денешната Надзорна расправа за Еуростандард банка, изјави дека Управата активно работи на овој случај, ги утврдува причините како дошло до несолвентност на банката, како се давале кредитите и каде завршиле тие пари.

Ние истражуваме, а Јавното обвинителство треба да утврди дали ќе оди со истрага или ќе ја запре постапката – изјави Муареми.

Тој нагласи дека има три наредби, една е од ОЈО, а една од Обвинителството за Организиран криминал, а има и сопствена постапк. Според него, процесот се уште е во предистражна постапка, се уште не е отворена истражна постапка.

Не можеме да кажеме во која насока ќе оди истрагата и не можеме да кажеме каде има вина – изјави Муареми, потенцирајќи дека веќе не може да се откриваат детали.

Пратеникот Сајкоски праша кои се фирмите кои се сомнителни должници, колку се тие, дали се 29 или 51, и каде завршиле парите од банката?

Имаме голем број фирми кои се предмет на проверка, за еден дел се веќе обезбедени докази, а други се на листата за кои треба да се обезбедат докази. Инаку, и нас не интересира каде завршиле парите, и ние следиме каква е трагата на парите, бидејќи без тоа нема да можеме да ја затворите истрагата – изјави директорот на Управата за финансиска полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.