Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил пишува дека мерките кои ги наметнува СДСМ не само што не се во корист на народот, на економијата и на државата, туку дополнително ќе имаат уништувачки ефект на целиот систем.
-Овие, Социјал-демокративе наши, како да сакаат да го возобноват феудалниот систем на уредување. Мерките кои ги наметнуваат, не што не се во корист на народот, на економијата и на државата, туку дополнително ќе имаат уништувачки ефект на целиот систем, а ќе им овозможат на поединци да прераснат во вистински феуди. Ќе не распаднат како песочна кула.
⛔Кратењето на плати требаше да почне од високите функционери, од избраните и именуваните функционери, а не од работниците.
⛔Треба да се укинат сите паушали и надоместоци на членовите на Управните и Надзорните одбори.
⛔Треба да се скратат, па и да се укинат, сите непродуктивни расходи од буџетот, а пред се ставките за репрезентација и трошоците за сметките за користење на службени телефони.
⛔Треба да се раскинат договорите со Советниците на Премиерот и да им престане работниот однос на сите оние кои се вработени во државната администрација, а не си го знаат работното место (попознати како рамковни вработени).
Само со овие мерки, ќе се постигне сумата која сакате да ја одземете од вработените во администрацијата.
За да се избегне црното економско сценарио, веднаш треба:
🆘️Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите во висина од 50% од бруто плата
🏦Замрзнување на обврските на граѓаните кон банките
💰Итно укинување на непродуктивните трошења (службени возила, примања по основ на членување во комисии, управни и надзорни одбори,набавка на лубриканти, фонф за иновации)
❗Сите именувани функционери да се откажат од своите приходи и привилегии
📆Времените вработувања по основ договор на дело во јавна администрација, да се прекинат
🛡Веднаш да се напушти идејата за “урамниловка” на примањата во администрацијата
✂️Намалување на примањата на вработените во администрацијата за месец март од најмногу 10%
Платите на 🩺 лекарите и ⛑вработените во безбедносните структури и сите други 💉💊🧯🚐 вработени кои се изложени на поголем ☣ризик, да се 🔝зголемат, оти ги заслужуваат.
И на крај, но не помалку важно, #КупувајтеМакедонскиПроизводи, стои во статусот на Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.