Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и германската амбасадорка Анке Гизеле Холштајн, денеска, по работната средба го посетија производниот капацитет на компанијата од автомобилска индустрија „DRÄXLMAIER group“ во индустриската зона Новини и Речица.
Во изјава за медиуми, Димитриевски информираше дека како општина се во преговори со менаџментот на оваа компанија за отворање на дополнителен капацитет во којшто би имале можност во следниот период од две години да се вработат повеќе од 2000 сограѓани.
Приоритет за општина Куманово, но и мене како градоначалник е да се развива локалната економија и да се дадат еднакви можности за инвестиција како на странските, така и на натамошните инвеститори. Со амбасадорката разговаравме на повеќе отворени теми. Напрвин, соработката на општина Куманово со амбасадата е на исклучително високо ниво. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам и на амбасадорката, но и на претставници на амбасадата и секако на граѓаните на Германија за последната донација којашто ја добивме во време на корона кризата на нашата градска болница. Денеска потврдивме дека таа соработка ќе продолжи. Општина Куманово е секогаш отворена за соработка со сите амбасади, но, особено ни е драго што со германската амбасада имаме едно високо ниво на разбирање и соработка. Разговаравме на поголем број теми и за нас приоритет е локалниот економски развој и развојот на економијата во градот и нашата индустриска зона Новини и Речица“, рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.