Заменик министерката Гордана Димитриеска-Кочоска на Фејсбук профил праша зошто Министерството за финансии не одговара на нејзините барања?
Според неа, ако се погледнат податоците кои ги поставуваат на интернет страната на министерството и направиме една анализа (која нема да е целосна бидејќи обврски пријавуваат многу помалку субјекти од потребните, а притоа никој ништо не превзема да се надмине оваа состојба, а велат транспарентни се) повеќе од јасно е дека обврските кон добавувачи во оваа и следната година растат.
Каде е заштедата за која зборуваше СДС? Каде е нивното домаќинско работење? За жал зборот транспарентност се злоупотребува. Доколку ми дадеа пристап до софтверската алатка ќе можевме да видиме кон кои фирми обврските растат, ќе можевме да анализираме со кои фирми работат. Граѓаните треба да знаат што се случува во министерството. За жал уште еднаш СДС покажаа дека освен личните интереси ништо повеќе не гледаат.Поради ваквата политика Македонија е сврстена помеѓу државите со хибриден режим со највисока стапка за корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.