Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, при посетата на општина Ѓорче Петров, истакна дека најголемиот проблем го прави Владата, е тоа што во континуитет се задолжува, а во исто време не сака да погледне во трошоците што ги прави и да види што може да се намали.

Простор за намалување на трошоците има. Имено имаме повеќе од 300 милиони евра во разни расходи, за кои треба да се погледне каде одат – изјави Димитриеска Кочоска.

Таа кажа дека ако се погледнат прогнозите за јавниот долг до 2026 година, состојбата е многу тешка. Кочоска потенцира дека новите задолжувања кои што ќе доаѓаат ќе бидат со повисоки каматни стапки.

Кочоска го повика министерот да крати на трошоци, и да не се дозволи јавниот долг во 2023 година, како што е напишано во прогнозите, да достигне 65.9%, бидејќи тешко ќе се враќа истиот, особено ако се земе во предвид фактот дека продуктивноста во Македонија паѓа, народот се иселува, а фирмите работат катастрофално.

Немаме инвестиции во приватниот сектор кои што се подлога за еден подолгорочен, постабилен развој на компаниите, а тие се тие кои го генерираат приходот во буџетот, така да не гледам некое добро сценарио – изјави Кочоска, потенцирајќи дека мора да дојде до кратење на трошоците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.