Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, во гостување во Дневникот на ТВ Сител изјави дека е очекувано да расте стапката на инфлација поради одлуката на власта за поскапување на струјата за кое ВМРО ДПМНЕ во повеќе наврати имаше протести.
Димитриеска Кочоска истакна дека одлуката на власта за поскапувањето на струјата во ек на пандемија е се само не разумно и сега се гледаат последиците кои ги чувствуваат граѓаните, а тоа е лош живот, низок стандар и покачени цени.
За првите четири месеци стапката на инфлација е 2,2 % во однос на минатата година или 2,7 % само во април. Европската комисија исто така констатира дека имаме повисока стапка на инфлација која што во еден дел или една четвртина се должи на поскапувањето на цената на струјата. Цената на струјата е многу голем трошок за домаќинствата. Заради тоа ние кога ги правевме протестите сметавме дека носење на таква одлука тоа е надвор од разумум затоа што струјата учествува со 7,3% во домашниот буџет – изјави Димитриеска Кочоска.
Таа појасни дека поради одлуката на власта за покачување на цената на струјата сега во државата има покачување на цените на производите, а со тоа и поскап живот. Таа додаде дека се празни се фалбите на власта за повисока просечна плата бидејќи инфлацијата ја „изеде“ таа повисока просечна плата.
Димитриеска Кошоска дополни дека како резултат на тоа граѓаните на Македонија имаат само полош живот.
Ние имаме поскап живот на населението во услови кога власта се фали дека имаме повисока плата, но овие високи цени на некој начин нели ја изедоа таа повисока просечна плата и де факто ние имаме само полош живот на луѓето во Македонија – заврши Димитриеска Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.