Дополнителниот министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на својот Фејсбук профил денеска сподели статус во кој го опишува својот прв работен ден во Министерството за финансии.

Работно во министерството за финансии. Граѓаните, бизнисот, стопанството очекуваат промени кои ќе донесат подобри времиња. Потребни се крупни чекори напред, но вистински чекори кои ќе не однесат напред. Парите на граѓаните мора да се трошат одговорно и во согласност со законите. Нема поголема одговорност од таа да се работи за Република Македонија. Наместо на криминал и корупција парите да завршат во проекти и развој – стои во нејзиниот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.