Сивата економија во Македонија галопирачки расте, поради неспособното владеење на Заев и СДСМ. ММФ и УСАИД во своите извештаи измерија рекордно ниво на сива економија и лоша бизнис клима, коментира дополнителниот министер за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска.
Според неа, денес како резултат на нивните пиши бриши економски политики кои покрај тоа што докажуваат дека СДСМ нема јасна стратегија, измерени се рекордни 37,7% сива економија од страна на ММФ, а врз основа на проект на УСАИД 40% од бизнисмените веруваат дека бизнис климата е влошена.
После 3 години владеење на СДСМ во економијата имаме пустош. Ветената стапка на раст на БДП од 5% останува само неостварен сон. Ветуваа правичен даночен систем каде побогатите ќе плаќаат повеќе, а сиромашните помалку. Но вистината е дека малкумина се богатат на грбот на чесните граѓани и чесните стопанственици. Стопанството и бизнисот не смее да ги носи како свој товар лукративниот интерес на неколкумина од власта на СДСМ-вели Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.