Во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24, Гордана Димитриеска – Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во дебата со директорот на Фондот за иновации, Коста Петров, посочи дека сетот мерки не е една милијарда евра туку се 344 милиони евра или 8.3 проценти од буџетот.
Дали Вие разбирате математика господине Петров? Имате преклопување на мерките. Значи манипулирате со една милијарда. Кога сме кај Ковид мерките од Развојна банка, 31 милион евра требаше да бидат реализирани во месец септември, а тие беа објавени во месец декември. Значи со се доцните. Јули, август и септември немаше никакви мерки. За четвртиот квартал, вкупните планирани приходи им беа планирани за 6.3 проценти поголеми во однос на 2019 година, а завршивме со 5.2 проценти помалку во однос на 2019-та. Дали е тоа некаков сигнал дека нешто се случува во економијата. Не може едно да сме планирале, а друго да сме оствариле и да кажеме добри сме. И повторно ќе кажам, имаме преклопување на мерки. Еве Вие кажете дали 3-тиот и 4-тиот пакет ќе бидат плус или еден, односно тоа е една мерка – истакна Димитриеска – Кочоска.
Во однос на просечната плата, Димитриеска-Кочоска, истакна дека многу е битно да се знае како се пресметува просечната плата за да се знае точно дали таа е порасната или не.
Да замислиме дека постојат тројца вработени, за да го поедноставиме ова. Од нив двајца земаат по 20 илјади денари и едниот зема по 10.000 денари. Значи вкупно имаме 50 илјади денари. Делено на три доаѓа некаде 16.600. Овој со ниската плата ја изгубил работата и остануваат оние со по 20 илјади плата. Сега 40.000 денари поделено на два се 20 илјади денари. Им порасна ли платата на овие со 20 илјади денари, а просечната порасна од 16.000 на 20 илјади? Секако дека не им порасна. Значи ова е факт. А, во овој период ниско квалификуваните ја губат работата. Тие 20 илјади денари останаа исти, само поради различната пресметка велиме е пораснато. Така да ова се реалните економски бројки – истакна Димитриеска-Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.