Власта треба да одговори каде заминаа над една милијарда задолжување, кога само 330 милиони евра потрошија и тоа го имаат и репортирано во ММФ, за што се задолжија, парите наместо кај граѓаните се трошат на непродуктивни трошоци, а граѓаните во криза се оптоварени со нови давачки, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на 24 ТВ.
Димитриеска Кочоска му порача на вицепремиерот Битиќи со кого дебатираше, наместо да лажат дека парите ги враќале кај граѓаните да отиде во маркет и да види колку неговата власт ги покачи цените на производите како што се млекото, зејтинот и останатите производи.
Дали вицепремиерот и министер за финансии Битиќи оди во маркет да провери колку чини млеко, колку чини зејтин, струјата поскапе и годинава и лани. Зошто се задолжува владата, што направија? Власта им носи на граѓаните нови давачки, зголемена еколошка такса, а државните пари се трошат на непродуктивни трошоци, невладини, градоначалници по кафани, купување автомобили во криза – истакна Димитриеска Кочоска.
Таа потенцираше дека државата тоне во уште подлабока криза и да не беа странските инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ ќе немаше кој да го одржува бруто домашниот производ на Македонија. Додаде дека, додека СДСМ со ребалансот си одредува пари за поткуп, ВМРО-ДПМНЕ има амандмани со кои вистински ќе им се помогне на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ во амандманите за ребалансот предложува 5 милиони евра за текстилна и кожарска индустрија кои се многу погодени, понатаму 15 милиони денари за фирмите од угостителство кои имаа регистрирано подружница и немаа право на мерките, за тутунарите 676 милиони денари, амбулантни возила, загадување – рече Димитриеска Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.