Членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, во вечерашното издание на „24 Анализа“ на ТВ 24изрази сомнеж дека економијата ќе закрепне и дека оди во нагорна линија.

Македонија стана социјална држава, не се инвестира и сето тоа не влече надолу. Ни доцнат вакцините и сега наместо да имавме некое нормализирање во економијата, ние доцниме со се. Го знаеме  бројот на невработени лица, кој се движи околу 52 илјади лица, платите се намалуваат, има фирми кои не можат да исплатат плати доколку не ги добијат тие субвенции од државата. По автоматизам тоа ќе значи и намалување на потрошувачката. Луѓето и тие малку пари што ги имаат ги стискаат ги чуваат, се воздржуваат од трошење. Да не зборуваме за бруто инвестициите во државата со третиот квартал кои имаат пад од 8,8 проценти. А 2001 имало 6 проценти, што ако споредиме, со еден воен конфликт тогаш се имало поголема доверба во државата се инвестирало и така натака – посочи Димитриеска-Кочоска.

Таа истакна дека за 2021 година се има предвидено само 50 милиони евра како петти пакет на мерки, но во исто време ако се погледне буџетот  којшто е на исто ниво со 2019 година ќе се види дека има 61 милион евра повеќе за плати, 83 милиони евра повеќе за стоки и услуги.

Ако ги погледнеме првичните планови за капиталните трошоци во 2019 година и 2021 ќе видиме дека се и помалку. Така да има многу причини зошто овој проектиран раст нема да се оствари. Светската банка излезе со податок дека проектира 3.6 проценти стапка на БДП за 2021 година. Народна банка излезе кажа околу 3 проценти. Ние создаваме социјална држава. Не инвестираме и сето тоа нас не влече надолу и не може да очекуваме стапка на раст од 4.1 процент – истакна Димитриеска-Кочоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.