Дополнителната заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска денеска излезе со реакции за последните обвинувања од страна на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Таа му порача да се занимаваа со изјавите на политичарите од соседните земји повразни со Македонија отколку со економски теми.
Го потпишав заемот од 176 милиони евра од ММФ, а средствата се веќе пристигнати и се користат.
Потпишав отпочнување на постапка за бриџ ту бонд во износ од 400 милиони евра, средства за кои сите знаете дека Министерството за Финансии не успеа да обезбеди доволно средства, при што се откажаа од оваа идеја и пристапија кон издавање на евро обврзница од 800 милиони евра, која беше потпишана од моја страна.
Исто така потпишав и барање до Европската Комисија, која одобри 160 милиони евра.
Еден ден пред да ги добијам документите од кредитот во износ од 90 милиони евра, потпишав кредит во износ од 50 милиони евра од Светска Банка, за средства кои се користат за помош на стопанството.
На 28.04.2020 добив документи за евро обврзница, поточно избор на банки кои ќе посредуваат како и адвокатски канцеларии, а истиот ден ги добив документите за заемот од 90 милиони евра од Светска Банка.
Документите за евро обврзницата во истиот момент беа потпишани и вратени, додека за кредитот од СБ, побарав време за да разговарам и да се консултирам со стручни лица.
За да биде појасно, кредитите кои до сега ги потпишав се во износ од 1,186.5 милиони евра, без тие 400 милиони евра, кои ги потпишав но немаше заинтересираност за истите.
Сите овие кредити се однесуваа за покривање на буџетскиот дефицит. Тоа значи дека државата не собира доволно даноци, за да ги покрие расходите, кои ги планирала за 2020-та година и кои беа усвоени од Собранието на РМ.
Кредитот од СБ е строго наменски кредит. Тоа значи дека треба да има јасни калкулации зад сите ставки, кои ќе бидат финансирани. До овој момент, документите кои ми се дадени не вклучуваат јасни и детални калкулации.
Ја повикувам владата да ги објави пред јавноста сите документи кои се доставени до мене, со цел граѓаните сами да се уверат зошто Гордана бара дополнителни информации, а не блокира како што милуваат да кажат.
Иако владата во континуитет разговарала и преговарала со СБ, во ниту еден момент не бев вкчучена во тие разговори. Вчера беше првиот и единствен состанок со СБ каде побарав детално појаснување, каде ќе се трошат овие пари.
Исто така сакам да упатам еден апел до министерот за надворешни, Никола Димитров, да почне да ги следи, коментира и реагира на изјавите на неговоте колеги од соседството, а да ја остави економијата на луѓето, кои се одговорни за тоа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.