Одлуката на Судскиот буџетски совет за ретроактивно зголемување на додатоците на плата е незаконска рече министерката за правда Рената Десковска.

Потсетувам дека законски основ за додатоци на плата има за судиите, но не и за членовите на Судскиот совет. Кога сами си доделуваат додатоци кои не им следуваат не е само скандал туку е и противзаконски – изјави Дескоска.

Таа појасни дека има две одлуки на Судскиот буџетски совет.

Едната е донесена во ноември и таа според Дескоска е законска, но не е во ред Судскиот буџетски совет да носи одлука за ретроактивна исплата за септември и октомври и ова е противзаконско – рече министерката.

Судскиот совет вчера на седница донел одлука за ретроактивно зголемување на додатоците на плата за околу 21.000 денари за септември и за октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.