Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе соопшти колку ќе поскапи парното.

Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, ќе се бара начин да нема драстично зголемување на цената. Тоа, смета Бислимовски, не е опција, зашто корисниците на парно ќе се исклучат од системот и за греење ќе почнат да користат електрична енергија.

Бислимовски соопшти дека се во тек консултации со Владата, но воедно апелира до Град Скопје и сите општини на ниво на Градот, да бидат солидарни и да излезат во пресрет за најбезболно решавање на проблемот. Ако е потребно, дополни, локалната самоуправа треба да обезбеди и субвенции за потрошувачите за да се избегнат ценовниоте шокови.

-Повикувам на солидарност на сите чинители. Набавната цена на природниот гас во делот каде купува БЕГ по цена на берзи е околу 1480 долари за метар кубен. Ова е набавка за јануари и е за речиси шест пати повисоко од просекот во 2021 година кога изнесуваше 240 долари за метар кубен. За тоа, БЕГ вчера достави барање и ние денеска ќе го разгедуваме. Тоа што го мислев за електричната енергија, го мислам и за топлинската – дека драстично поскапување на парното не е решение зашто голем број потрошувачи ќе се исклучат од системот и ќе почнат да користат електрична енергија за греење. Во комуникација сме со Владата и мислам дека ќе наидеме на разбирање, но го повикувам и одговорните во Град Скопје и општините во Градот активно да се вклучат и ако е потребно да обезбедат соодветни субвенции за потрошувачите Очекувам да излезат во пресрет. Утре ќе ве информираме што може да се очекува за цената на топлинската енргија, истакна Бислимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.