Во врска со текстот објавен во вашиот портал на 12 мај 2019 година, со наслов „Душан Илиевски: Се спрема скандал во РЕК Битола“, а во кој се споменува фирмата „Синпекс ДОО“-Битола, одговорно тврдиме дека информациите наведени во текстот од ваша страна се невистинити, непотврдени и лажни со цел да се наштети на угледот на нашата компанија.
„Синпекс ДОО“-Битола најостро реагира за неточните наводи изнесени во споменатиот текст.

Аргументирано тврдиме дека машините споменати во текстот се донесени во „Синпекс ДОО“- Битола по јавно објавен и добиен тендер на Светска банка и Министерството за финансии на Р.Македонија. Тендерот беше објавен во јануари 2019 година.
Машините се наменети за повеќе, претежно рурални општини во нашата држава и немаат никаква допирна точка со термоелектраната РЕК-Битола.

„Синпекс ДОО“-Битола им стои на располагање на медиумите, за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста.

Со изречените невистини и клевети изнесени во текстот ни се нанесува огромна штета на угледот и работата на компанијата поради што бараме демантот да се објави во вашиот медиум за период од 48 часа, на истата страна и позиција како и спорниот текст и во исто време бараме јавно извинување од вашиот медиум.

Синпекс ДОО –Битола



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.