Алијанса за Албанците и Алтернатива сметаат дека намалувањето на ДДВ за струјата претставува измама, бидејќи сметките нема да се намалат, а граѓаните од лани веќе плаќаат повисоки сметки. Опозициската парламентарна коалиција на Албанците бара, со цел да нема нови покачувања на сметките на граѓаните за струјата, ДДВ-то од 5 отсто да не се зголемува во наредните десет години.
Најголемата измама и најголемата штета им се нанесува на граѓаните преку две одредби во предлог законот, наведува коалицијата.
Едниот ограничува ДДВ од 5% да важи до 30 јуни 2022 година. Ова значи дека Владата планира да ги измами граѓаните само за време на локалните избори и втората одредба предвидува ДДВ да се зголеми од 1 јули 2022 година до 30 јуни 2023 година до 10%. Ваквите одредби важат само во утврдениот рок. Ова значи дека по 1 јули 2023 година граѓаните ќе плаќаат 18% ДДВ плус 12,36% покачување на цената донесена од Регулаторната комисија за енергетика, велат од коалицијата и нагласуваат дека пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива предложи два амандмана.
Првиот амандман предвидува ДДВ од 5% за електрична енергија да важи не до 2022 година, туку во текот на следните 10 години, до 2032 година. Со вториот амандман, се предлага да се брише втората одредба која предвидува раст д 10% ДДВ за следната година.
Со предлогот на Владата, направена е уште една неправда. Намалувањето на ДДВ за една година на 5% и втората година на 10%, важи само за домаќинствата додека стопанството, односно индустриската енергија ќе продолжи да се плати со 18% ДДВ, без никакво олеснување. Оваа освен стопанството која ќе биде на директен удар, ќе го почувствуваат и граѓаните, бидејќи ќе се зголемат цените на производите и услугите. Ние предлагавме со амандмани, следната година за стопанство, односно индустријата ДДВ за електрична енергија да биде 5%, додека следната година 10%, нагласуваат од коалицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.