Волнарскиот комбинат АД „Тодор Циповски-Мерџан“, односно „Тетекс“, по речиси 69 години престанува со работа. Денеска се затвори и погонот Конфекција, кој беше последен што работеше. Пред пред една година престана да работи погонот Трикотажа, а минатиот месец и Ткајачница. Единствено работи Предилницата за производство на волница, но таа е дадена на странска фирма, пренесува СДК.мк.

По седумдецениското работење на овој некогашен текстилен гигант, затворањето било неминовно, велат од „Тетекс“.

Но, „Тетекс“ АД Тетово преку Македонската берза информира дека Тито Беличанец, независен член на Одборот на директори продал 4.000 акции од компанијата, објави на 28 јануари Емагазин.

Ова е класичен пример на инсајдерско тргување кое не е дозволиво, и многу богати луѓе поради него завршиле позади решетки. Инаку Тито Беличанец не бил само обичен акцинер туку бил и независен член на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.