Низа тендери од власта на бившиот премиер Зоран Заев се делеле на битолски „Еко клуб“, иако е познато дека токму оваа фирма го носела медицинскиот отпад во Дрисла, за што одговорност мора да се бара, се уште не е јасно зошто министерства и компании блиски до Заев продолжиле да склучуваат милионски договори со „ЕкоКлуб“.

Битолската фирма со Јавното претпријатие за државни патишта склучило договор за косење трева, плевел, грмушки, сечење дрва и слични активности, за период од две години. Вкупната цена на услугите изнесува 70,8 милиони денари. Потписник на договорот од страна на јавното претпријатие е директорот Зоран Китанов. Договорот е склучен на 16 август 2019 година под архивски број 08-56340/40.

На 13 јануари годинава, Медицинскиот факултет од Скопје склучил договор со истата форма, за подигање, транспортирање и согорување медицински отпад во период од две години. Вредноста на договорот е 2.277.400 денари. Од страна на Медицинскиот факултет потписник е деканот проф. д-р Соња Топузовска, првата страница и од овој договор.

Претходно, на 25 октомври 2019 година, Министерството за одбрана, предводено од Радмила Шеќеринска, првата соработничка на Заев, исто така склучила договор со битолската фирма „Еко клуб“, во вредност од 300.000 денари, повторно за собирање, транспорт и третман на медицински отпад.

Понатаму со истата фирма бил склучен договор и за мобилни тоалети, вкупна вредност 1.400.000.00 денари.

Следен во низата склучени договори е и договорот меѓу „Еко клуб“ и Елем за чистење канализација на 24.12.2019 година. Вкупна цена на договор е денари.

Претходно објавивме дека фирмата Еко клуб“ која носела медицински отпад во Дрисла е основана во времето кога премиер бил Владо Бучковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.