Во Македонија постојат економски дејности во кои просечната плата на вработените е речиси двојно помала отколку државниот просек.
Според податоци на ДЗС, вработените во секторот Заштитни и истражувни дејности се со најниска исплатена нето плата од 16.404 денари.
Потоа следува секторот Производство на кожа и слични производи од кожа, во кој вработените имаат просечна плата од 16.442 денари.
Секторот Производство на облека има просечна плата од 17.880 денари.
Вработените во секторот Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа имаат просечна нето плата од 18.220 денари.
Листата од пет дејности со најниски плати во земјава ја зокружува секторот Дејности на оброци и служење на храна каде што просечната плата изнесува 19.370 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.