Да знаевме дека нема да се почитуваат препораките за заштита на ковид-19, немаше да дадеме препорака од Комисијата за заразени болести да се отворат кафаните, изјави Венко Филипче, министерот за здравство на денешната прес-конференција на која соопшти дека во изминатото деноноќие има четворица починати и 52 новозаболени од коронавирус во Македонија.
Мислам дека такви слики како вчера не треба да гледаме, ниту да сме сведоци на такви сценарија во тукушто отворените угостителски објекти. Тоа не беше суштината. Да знаевме дека ќе биде така, немаше да дадеме препорака да се отворат. А ние мораме да го вратиме животот во нормала, мора секој да даде максимално се од себе, како што дадоа здравствените работници“, рече Филипче.
Вчера по повеќе од два месеци беа отворени угостителките објекти. На социјалните мрежи имаше објавено фотографии од скопски кафеани каде наместо почитување на препораките, се правеле забави без одржување дистанца, без маски и со групирање.
Филипче побара Министерството за внатрешни работи да биде поинтензивно на терен и да ги санкционира прекршувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.